Пимблет: Волкановски би можел да се искачи во лесна категорија со мојата победа над Гејџи

31-годишниот британски борец и петторангиран во лесна категорија на УФЦ, Педи Пимблет, ги кажа идните планови на актуелниот шампион во перо категорија, Александар Волкановски.
Според Пимблет, ако работите одат добро, Австралијанецот со македонско поеткло би можел да се насочи кон потешка категорија. Тој го поврза ова со можна победа над Џастин Гејџи на УФЦ 324.
„Мислам дека ако јас победам, а тој победи и стане неприкосновен шампион, нема да ме изненади ако Александар одлучи дека ова е совршено време да се обиде да го освои појасот во лесна категорија. Не сакам да се борам со Волкановски – го почитувам“, рече Пимблет во видео за официјалниот Јутјуб каналот Том Апсинал.
Коментарот ги поттикнува шпекулациите за можна нова двојна шампионска кампања на Волкановски, иако таквото сценарио зависи од многу фактори – резултатите во октагонот и одлуките на УФЦ за следните шампионски борби.



