Петто место на СП и за Шаќир Бислими

Шаќир Бислими е петопласиран на Светското првенство во борење слободен стил за младинци (У-20) во Аман – Јордан, откако во борбата за бронзениот медал со Бенет Кевин Берџ од САД загуби 0-11.

Бислими немаше сили за нов подвиг. Сепак, неговиот успех е голем, бидејќи до борба за бронзата дојде по две добиени битки во репасаж.

Македонија-САД за бронзи 0-2.

И Бесир Алили во борбата за бронзенниот медал загуби од Американецот Николас Пирс Бузакис 1-11.

Резултати СП во Јордан:

86 кг
Шаќир Бислими – Рахим Магамадов (Франција) 0-10 1/8 финале
Репасаж
Шаќир Бислими – Ваџим Бандарику (неутрален) 12-1 (туш)
Шаќир Бислими – Оразмухамет Хојалиев (Туркменистан) 12-4 (туш)
За бронза
Шаќир Бислими – Бенет Кевин Берџ (САД) 0-11

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО