Петрсојан го победи Сана за милион долари (ВИДЕО)

Џорџо Петросијан е ОНЕ Гран при победник во перолесна категорија.

Еден од најдобрите кикбоксери во историјата во финалето во Токио со едногласна одлука го порази Французинот Семи Сана.

33-годишниот италијанско-ерменски борец со оваа победа заработи еден милион долари.

Петросијан во четвртфиналето на Гран прито го совлада со едногласна одлука Тајланѓанецот Фетморакот, а во полуфиналето го нокаутира сонародникот Јоа Натавут.

Сана го направи најголемото изненадување на турнирот во четвртфиналето, победувајќи го легендарниот Јодсанклај, а во полуфиналето го елиминира Џабар Аскеров.

https://www.youtube.com/watch?v=ONvzg2puNW8
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО