Натпреварувачите од таеквондо клубот Петровец имаа успешен викенд во Тирана, Албанија, на вториот „Дурес куп“, каде што освоија пет златни и два сребрени медали.
Иво Сандев, Филип Ивковски, Леотрим Ливорека, Дарко Величковски и Викторија Радомировска беа најдобри во своите категории, додека Дамјан Богдановски и Сара Керими мораа да се задоволат со вторите позиции.
ТК Петровец во вкупниот пласман е трет.
На турнирот имало околу 200 натпреварувачи од Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.
Ipon.mk/В.Д.