На првиот меѓународен „Феникс опен“ во таеквондо, што денес се одржа во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ТК Петровец од Петровец е најуспешниот клуб на турнирот со вкупно освоени 20 медали (12 златни – 5 сребрени – 3 бронзени) во сите конкуренции, од деца до сениори.
Втор е Феникс кик со 18 медали (5 – 9 – 4), а Монтенегро старс од Будва трет со 9 медали (6 – 1- 2).
Еве некои од натпреварувачите од Македонија освоија први места: Ива Сандева, Анастасија Митровска, Илинка Ангеловска, Александар Симеоновски, Дамјан Јаневски итн.
На турнирот настапија 175 натпреварувачи од 28 клуба од 8 земји-Македонија, Црна Гора, Србија, Косово, Грција, Словенија, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Организаторот на турнирот, Александар Велјановски – ТК Хелиус од Скопје, истакнува дека организацијата била на врвно ниво, како и судењето, бидејќи биле ангфажирани најдобрите судии од регионот. Според него, прикажани се квалитетни борби.
Тој изрази жалење што екипа од Србија поради технички причини на границата не допатува на турнирот, како и екипата од Хрватска, која беше спречена да дојде поради здравствената состојба на тренерот и неколку натпреварувачи (ги фатил грипот).
Сите резултати од „Феникс опен“ http://taekwondo.com.hr/Tournament/1st-feniks-open/Results/113?dg=120
ipon.mk/В.Д.