Пет џудисти ги бранат боите на Македонија на Светското јуниорско првенство

Петмина џудисти ќе ги баранат боите на Македонија на Светското јуниорско првенство во Загреб кое е во тек и ќе трае до недела, и тоа: Арбреша Реџепи (-52 кг) и Берна Шерифовска (-57 кг) во женска конкуренција и Хамза Јашари и Борче Ангелов до 66 кг и Артан Рушити (-73 кг).

Арбреша Реџепи во првото коло се среќава со Салимата Фофана од Брегот на Слоновата Коска, Берна Шерифовска се бори со Ана Марија Хутану од Романија, а ако ја победи Романката во наредното коло ја чека Гофран Хелифи од Тунис.

На Хамза Јашари противник во првата средба му е Ловре Башиќ од Хрватска, а ако го помине оди на Исмаил Ибрахимов од Азербејџан. Борче Ангелов ќе се сретне со Јагуб Јавадов од Азербејџан, додека Аратан Рушити ќе ги одмери силите со Французинот  Јавад Абделкарим.

Не е познато од кои причини во репрезентацијата не е земен најдобриот кадет Еди Шерифовски кој беше седми на Светското кадетско првенство.

На СП во Загреб настапуваат 83 земји со 590 натпреварувачи и во машка (346) и во женска (244) конкуренција.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО