Петис уверлив и во вториот настап за Белатор, Пико ја забележа првата победа со завршница (ВИДЕО)

Белатор се врати на сцената и го одржа својот прв настан во петокот вечерта од февруари.

Во главната борба на „Белатор 242“ Серхио Петис (20-5) стигна до својата втора победа откако се приклучи на оваа позната американска промоција. Поранешниот талент на УФЦ во Анкасвил убедливо го совлада Рики Бандехас (13-4) по три рунди и на тој начин ја запре неговата серија од две победи.

Во ова пресметка во бентам категорија Петис беше побрз, попрецизен и поактивен, а посебно убиствени беа неговите ’ниски уадри’ оставаија траги на Бандехас.

После две загубени рунди, Рики се обиде да стигне до пресврт со поагресивна завршница, но беше предоцна и сите тројца судии го го бодуваа мечот 30-27 за Петис.

Во поднасловната борба на вечерта, Џејсон Џексон (12-4 ) славеше со едногласна одлука на судијата, совладувајќи го ММА ветеранот Џордан Меин (31-13) на арената „Мохеган Сан“. За Меин, да спомнеме, ова беше негово прво појавување од јули 2018 година, кога уште под зактила на УФЦ ја регистрираше втората победа во низа. Но, очигледно, двегодишната пауза остави белег на 30-годишниот Канаѓанец, кој едноставно не беше свој.

Да спомнеме и дека во Анкасвил до својата шеста победа во кариерата стигна талентот на Белатор Арон Пико (6-3). Популарниот Американец против Крис Хатли Јуниор (8-3) ја забележа првата победа со „завршница“ со задушување на противник за околу две минути борба.

Белатор 242 резултати:
Серхио Петис – Рики Бандехас со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Џејсон Џексон – Џордан Меин со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27)
Џеј Џеј Вилсон – Тајван Клактон со поделена одлука на судиите (27-30, 29-28, 30-27)
Арон Пико – Соло Хејтли Јуниор со завршница (давање од позади) – Р1, 2:10

Воведни борби:
Марк Лемингер – Џејк Смит со ТКО (соборување) – Р2, 4:46
Рауфеон Сотс – Кас Бел со завршница (давање од позади) – Р3, 1:24
Рас Хилтон – Руди Шафрот со едногласна одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО