Александар Емилијаненко е во болница со скршен нос

Александар Емилијаненко изеде голем ќотек во главната борба на АЦА 107 во Русија.

Емилијаненко синоќа се сретна со Магомед Исмаилов и беше целосно прегазен, иако беше 22 килограми потежок од противникот. Исмаилов не му даде никакви шанси на Емјелиненко и уште од самиот почеток ја префрли битката на партера, каде му нанесе тешки удари и скоро го нокаутира.

Нивната средба беше прекината од судијата на крајот од 3-татат рунда, откако Исмаилов го дотепа Емелјаненко на партер, а крвта не престана да тече од поранешниот затвореник. Веднаш по битката, Емлијаненко беше однесен во болница, за да ги лекуваат неговите повреди. Прегледот покажал откри дека Александар има и скршен нос.

Ова беше прв пораз на 38-годишниот Емјелиненко откако беше ослободен од затвор пред неколку години. Овој пораз ја прекина серијата од пет последователни победи со нокаут и дефинитивно е еден од најтешките во неговата кариера.

https://www.instagram.com/p/CDCqRdRJtZZ/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CDCY2RKApSE/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО