Петер Аертс славеше во прошталниот меч

Петeр Аертс на ВФЛ настанот во Алмере уште еднаш се опрости од кик боксот.

Наместо првично најавениот Цонте Рогава, „Холандски дрвосечач“ се бореше со 27-годишниот Французин Нордин Махидин. 46-годишниот Холанѓанец победи со поделена одлука на суидиите.

На Аертс можеби ова не му е последен меч, затоа што на прес-конференцијата пред неколку дена изјави дека во случај на добри понуди би сакал да се бори барем уште еднаш во Јапонија.

Во мечот за титулата првак во тешка категорија Мурат Ајгун на поени го порази Ерол Цимерман.

Брајан Дувес е победник на турнирот во категоријата до 95 килограми. Во полуфиналето на поени го елиминира Редуан Каиро, за во финалето да салви без борба, бидејќи Ибрахим Ел Буна не можеше да го продолжи турнирот. Мароканецот во полуфиналето во третата рунда го нокаутира Фабио Кваси.

Вилијам Диндер е победник на турнирот во категоријата до 70 килограми, а Ертугрул Бајрак кој во финалето го победи Дерил Зихтман до 86 килограми.

Фред Сикинг го нокаутира Мајкл Дут и Родни Гундер славеше против Денис Штолценбах.

ВФЛ Алмере:

Суперфајт:

Донован Висе – Џеј Овермеер (со одлука на судиите)

Илшури Хендрикс – Саманта ван Дорн (со одлука на судиите)

Родни Глундер – Денис Штолценбах (со одлука на судиите)

Тарик Хабез – Гекхан Гедик (со одлука на судиите)

Фред Сикинг – Мајкл Дут (со одлука на судиите)

Петар Аертс – Нордин Махидин (со одлука на судиите)

Полуфинале на турнирот до 70 килограми:

Редуан Дауд – Ворен Стевелманс (со одлука на судиите)

Вилијам Диндер – Михал Бенбен (со одлука на судиите)

финале:

Вилијам Диндер – Редуан Дауд (ТКО)

Полуфинале на турнирот до 86 кг:

Дерил Зихтман – Денис Ипем (со одлука на судиите)

Ертугрул Бајрак – Ерол Конинг (со одлука на судиите)

финале:

Ертугрул Бајрак – Дерил Зихтман (со одлука на судиите)

Борба за титулата до 65 кг:

Аниса Хадауи – Илона Вијманс (со одлука на судиите)

Полуфинале на турнирот до 95 кг.

Ибрахим Ел Буни – Фабио Кваси (КО)

Брајан Дувес – Редуан Каиро (со одлука на судиите)

финале:

Брајан Дувес – Ибрахим Ел Буни (без борба)

Борба за титулата првак во тешка категорија:

Мурат Ајгун – Ерол Цимерман (со одлука на судиите)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО