Петар Аертс не може без рингот.
Легендарниот 47-годишен Холанѓанец нова борба ќе има на 26 јули во Прага во настанот Јангејмс фајт најт.
Трикратниот победник на К-1 Гранд при ќе се сретне со Јан Сукуп.
Во јануари Аертс настапи на егзибициски меч со Атакан Арслан, а во април минатата година на ВФЛ настанот во Алмере со едногласна одлука го победи Французинот Нордин Махидин.
На настанот во Прага, Томаш Хрон се бори со Белорусинот Пјотр Романкевич.
Најавен е настап и на Ондреј Хутник.