Петар Заборски трет во групата на Премиер лигата во Париз

Единствениот македонски каратист на Карате 1 Премиер лигата во Париз Петар Заборски од Макпетрол (-75 кг) забележа победа и два порази во третата група и го освои третото место.

Петар во третата група го совлада Оелксандар Чернијаиев (Украина), а загуби од Енес Булут (Турција) и Хамза Лабид (Мароко).

Резултати Премиер лига:

-75 кг
Петар Заборски – Хамза Лабид (Мароко) 0-2
Петар Заборски – Олександар Чернијаиев (Украина) 3-0
Петар Заборски – Енес Булут (Турција) 2-9

Прв во групата е Енес Булут кој имаше три победи и се пласира во финалето, па следат Хамза Лабид, Петар Заборски и Олександар Чернијаиев. Булут во финалето ќе ги одмери силите со Абдала Абделазиз (Египет).

Петар не ги продолжува натпреварите, бидејќи само првопласираните одат во четвртфиналето.

На Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО