Петар Заборски е европски универзитетски карате првак (ФОТО)

Петар Заборски е европски универзитетски карате првак.

Петар Заборски (-75 кг) во финалето на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб славеше со 2-0 против Констатнтин Јаненко од Украина.

За студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова втор златен медал во третото студентско финале. Во Коимбра, Португалија, 2015 година освои златен медал, а во Загреб 2017-та се закити со сребрен медал.

Селекторот Бошко Заборски со краткок коментар:

„Без грешка ја одработи целата борба“.

Ова е четврти медал за македонските студенти – Давид Петков и Петар Спасеновски освоија бронзи, а машкиот кумите тим на „Свети Кирил и Методиј“ се бори за второто злато против украинска екипа.

На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, кое се одржува во Загреб учествуваат 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави.

Во Загреб се одржуваат натпревари во четири боречки спортови: карате, џудо, таеквондо и кик бокс.

Резултати:

-75 кг
Петар Заборски – Хакан Челик (Турција) 1-0
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 1-1
Петар Заборски – Олех Оврас (Украина) 2-1
Финале
Петар Заборски – Констатнтин Јаненко (Украина) 2-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО