Петар Заборски е на 10 место на светската карате ранг-листа на ВКФ за сениори на Премиер лигата.
На единствената ранг-листа на ВКф 14-ти.
Ова е еден од најдобрите пласмани на некој македонски каратист.
Секако, ваквиот пласман се должи на континуираната работа и настапи на меѓународната сцена со успех. Последниот успех на Петар беше петтото место на Европското првенство во Задар, Хрватска, изминатата недела.
За малку му избега бронзата, а не беше далеку и среброто (златото), ако судиите ги досудеа поените во полуфиналето со домашниот каратист Иван Мартинац.
Во моментов на Премиер лигата Петар Спасеновски е на 13 место, Вероника Костовска е 40-та.