Петар Спасеновски и Петар Заборски ќе настапат Карате 1 Премиер лигата во Каиро

Македонија на Светската Карате 1 Премиер лига во Каиро, Египет, ќе ја претставуваат репрезентативците Петар Заборски -75 килограми и Петар Спасеновски -84 кг, двајцата од КК Макпетрол.

Тие се единствените македонски каратисти во машка конкуренција, кои обезбедија норма да бидат во најдобрите 32-ца рангирани каратисти на ранг- листата на ВКФ (Светската карате федерација), за учество на Карате 1 Премиер лигата во Каиро, Египет.

Во женска конкуренција ќе настапи Вероника Костовска (-61 кг) од Олимпик спорт.

Натпреварите почнуваат на 19 април, а завршуваат во 21-ви во недела.

На Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето.

Светската Карате 1 Премиер карате лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти.

Во Каиро ќе учествуваат вкупно 374 елитни спортисти од 58 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON