Боксерите ги добија противниците на ЕП, утре тројца излегуваат на рингот

Се одржа жребот на Европското првенство во бокс за сениори кое се одржува во Белград од 18 до 28 април. Македонските боксери добија противници од Турција, Литванија, Молдавија и Грција, а тројца од нив борбите ќе ги почнат утре.

Европско првенство:

57 кг Ален Рустемовски – Чинар Мехметхан (Турција) 18 април

63,5 кг Дион Лена – Андирејус Лаверновас (Литванија) 18 април

67 кг Алим Насуфи – Јануш Караван (Молдавија) 21 април

80 кг Арјан Исени – Михаил Цамалидис (Грција) 18 април

На ЕП учествуваат 401 боксер, 263 во машка конкуренција и 138 во женска, од 33 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО