Меѓународна сценаММА

Петар Јан ги откри плановите по третата последователна победа во УФЦ

Поранешниот шампион на УФЦ во бантам категорија (до 61 кг) Патар Јан сподели што е следно во неговата кариера по импресивната серија од три победи.

„Не планирам да се борам со никого во моментов. Ако го погледнеме составот во нашата дивизија, не мислам дека има некој што повеќе заслужува да биде следен во борбата за титулата од мене. Имам три победи – против сериозни противници. Сонг Јадонг беше во серија победи, го победив и Дејвисон Фигеиредо, а сега и Џонатан Мартинез (Мекги), кој ми беше понуден. Бев подготвен да се борам со секого – тоа беше изборот на УФЦ“.

Јан додаде дека сè уште немал конкретен разговор со организацијата за можна кандидатура за титулата, но верува дека ја заслужува.

„Немавме никакви официјални разговори за борба за титулата, но мислам дека е реална можност. Ако сè оди добро, сега е мој ред. Три победи по ред. Сакам сериозно да се подготвам за борба против победникот од Мераб – Сандхаген, да влезам во кафезот во врвна форма и целосно подготвен“, изјави Јан за прес-службата на клубот „Архангел Михаил“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON