Петар Чурлиновски: Недостасуваше искуството во мечевите на нашите боксери на ЕП!

Селекторот на боксерската репрезентација на Македонија до 22 години, Петар Чурлиновски, која учествуваше на Европското првенство во У-22 во Трги Јиу во Романија, со тројца боксери за прв пат по 2011 година се осврна на настапот на нашите боксери.

„Како  прво, мора да истакнам дека по долго време настапивме на едно Европско првенство, а тоа беше можност да видиме кај сме и какви се можностите на нашите боксери и што понатаму. Факт е дека ни недостасуваат мечеви на големи меѓународни натпреварувања, нешто на што треба да му посветиме посебно внимание.

Настапивме со тројца боксери Јасин Лама, Гоце Јанески и Лулзим Исмаили, кои беа поразени во првото коло. Сепак, од настапот на Лама и Исмаили сум задоволен. Лама водеше техничи добар бокс и целосно рамноправна борба со Молдавецот Дорин Букса, европски првак до 18 години, притоа пресуди искуството. На Исмаили му недостасуваа 1-2 удари за победа со Полјакот со Филип Вачала. Одлично избоксира. За жал, најмногу очекував од Јанески, но ме разочара. Очекував поголема агресивност и добро пласирани удари, но тоа недостасуваше. Не можев да го препознаам, бидејќи дојде како најискускен боксер и со само два порази од Регионалната лига. Од него очекував една до две победи, што ќе беше голем успех за нас“, вели селекторот Чурлиновски.

Колку на сето ова влијаеше подготвителниот период и неконкретноста во презимањето на решителни чекори во врска со репрезентацијата на БФМ е прашање кое треба добро да се разгледа.

„Имавме добри подоготовки во Скадар, пред се ни фалеше искуство. Точно е и тоа дека малку покажавме инертност во организирањето на целиот подготвителен процес, а некои работи мора да се решат и институционално за општо добро на спортот во нашата земја“, истакнува Чурлиновски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО