На вонредното Собрание на Карате федерацијата на РС Македонија кое беше свикано по иницијатива на 30 клуба Петар Белистојаноски остана на функцијата претседател на Федерацијата откака денес 35 делегати, односно клубови, му ја дадоа довербата, додека 31 беа за негова смена, а две ливчиња се прогласени за неважечки.
Вкупно 68 клуба имаа право на глас.
Инаку, Собранието се одржа во Скопје во „Даре Џамбаз“ во напната атмосфера. Беше забележано дека членови на претседателството на КФМ и селектори имаа полномоштва од други клубови.