Петар Арсовски забележа победа со прекин на Купот на Бугарија (ФОТО)

Младиот македонски боксер Петар Арсовски кој веќе втора година тренира и настапува за Локомотив од Софија стартуваше со победа во 2.коло на Купот на Бугарија. Со едно броење во првата рунда и со уште две во втората го доби противникот Даниел Дуканов од БК Дунав со прекин.

Ова е значајна победа за неговиот клуб во категоријата до 36 килограми. Арсовски се симна во една категорија  подолу.

„Се чуствува силно во оваа тежинска категорија во која има и најголема конкуренција на ова натпреварување, 19 деца“, вели неговиот татко Александар Арсовски.

Купот на Бугарија се одржува во градот Крџели, а трае 5 дена со учество на 207 деца од 44 клуба од цела Бугарија.

Минатата година Петар го освои бронзениот медал.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО