Петар Арсовски се пласира во финалето на Купот на Бугарија

Петар Арсовски (-40 кг) се пласира во финалето на „Купот на Бугарија“ откако во полуфиналната борба противникот Илија Мирослав од Мизија не излезе на рингот.

Купот се одржува во Горна Ораховица.

Вчера Петар имаше многу доминантна победа со повеќе нокдуни и сето тоа денес влијаеше кај противничкиот клуб, вели неговиот татко Александар и додава дека е разбирливо, може и оправдано, бидејќи помладиот Арсовски е искусен боксер за своите години. Не сакале да ризикуваат, затоа што се уште се деца, а боксот е опасен спорт.

„Сите кои се занимаваат со овој спорт треба да ја прифатат и одговорноста“, вели Александар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО