Петар Арсовски се пласира во финалето на Купот на Бугарија

Петар Арсовски успешно го помина боксерското полуфиналето во Купот на Бугарија.

Петар-Пепка Арсовски (57 кг) извојува уште една доминантна победа со ТКО во првата рунда против против Николов Мартин од Балкан, Ботевград.

Утре на програмата е финалето, Аровски за противник ќе го има Константин Костов кој е негов клупски колега, односно доаѓа од школата на Локомотив од Софија.

„Тие се познаваат добро, двајцата се европски медалисти и имаат импресивен скор. Ова ќе биде многу интересен меч, ќе треба да се боксира на 200 отсто.

Интересно е што боксерските фанови веќе се присутни во Петрич и со нетрпение го чекаат утрешното финале“, вели неговиот татко Алексaндар Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО