Петар Арсовски (-54 кг) освои најмалку бронзен медал на Европското првенство за млади во Софија, Бугарија, откако со 5-0 (30-27, 29-28, 29-28, 30-27, 30-27) го совлада Гркот Ремус Велис Антонио.
Арсовски обезбеди полуфинале, кое на распоредот е утре, и борба за повреден медал. За влез во финалето ќе се бори со домашниот боксер Љубослав Методиев (Бугарија)
Тој доминираше во борбата, а имаше поддршка и од трибините.
Така, младиот Петар се запиша во историјата на македонскиот бокс кој освоил медал на Европско првенство.
Првиот медал е освоен пред 27 години од Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година за кадети, бронза. Во истата конкуренција на ЕП во Битола 1997 година освоивме три медала – 1 златен и 2 бронзени. Фатон Салиху го освои златниот, а Дарко Чателски и Денис Георгиевски бронзените. Во 2020 година Ардијан Аземи во Будва, Црна Гора, го освои бронзениот медал во јуниорска конкуренција, прв за Македонија кај јуниорите.
Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.
На ЕП учетсвуваат боксери од 39 држави со над 400 боксери и боксерки.
Европско првенство за млади:
54 кг
Петар Арсовски – Матус Јаницек (Словачка) 3-2 1/8 финале
Петар Арсовски – Ремус Велис Антонио (Грција) 5-0
Полуфинале
Петар Арсовски – Љубослав Методиев (Бугарија)