Петар Арсовски и Дино Костовски ја освоија публиката во Прилеп (ФОТО)

Публиката со аплаузите за време на борбата и по неа го избра најборбениот пар на четвртото коло на Детската боксерска лига вчера во Прилеп, тоа се Петар Арсовски (Аперкат) – Дино Костовски (Ас). Тие добија специјална награда, која за прв пат беше доделена во Лигата.

Арсовски и Костовски влегоа бескомпромисно во борбата која изобилуваше со многу удари и убави боксерски техники. На отворената сцена во Прилеп тоа го наградуваше со аплаузи во текот на борбата, за на крајот громогалсно да ги испрарти од рингот. Фактички публиката го избра наборбениот пар.

Исто така и Марио Ефремов (Аперкат) и Мартин Алексоски (Ас) прикажаа технички дотеран и убав бокс.

Четвртото коло кое е последно во пролетната сезона беше во организација на Боксерскиот клуб Ас од Прилеп со помош на пицеријата Хепи Натпреварите се одржаа во центарот на градот на отворено. Поради временските неповолности учествуваа само три клубови и тоа: Ас – Прилеп, Аперкат – Скопје и Пинк Пантер – Штип. Беа пријавени 14 боксери, а се одржаја 8 борби.

Организацијата помина во најдобар ред. Младите боксери покажаа одлична техника и борбеност. Наградата за најборбен пар ја доделија Дарко Чатлески и Вели Мумин на најатрактивните борци Дино Костовски од Ас и Петар Арсовски од Аперкат.

„Голема благодарност до покровителите на овој настан пица Хепи и месната индустрија Марфил од Прилеп. На крајот имаше заеднички ручек за сите боксери и тренери, а беа доделени и благодарници за поддржувачите на овој настан“, вели Дарко Чатлески.

Борби:

1.Бојан Георгиески (Ас) – Михаил Нанчески (Ас)

2.Димитар Ангелески (Ас) – Дамјан Талимче (Ас)

3.Ѓорѓи Огненоски (Ас) – Александар Георгиески (Ас)

4.Александар Панов (Пинк Пантер) – Иле Костовски (Ас)

5.Алиџан Демиров (Пинк Пантер) – Бојан Нанчески (Ас)

6.Петар Арсовски (Аперкат) – Дино Костовски (Ас)

7.Марио Ефремов (Аперкат) – Мартин Алексоски (Ас)

8.Александар Панов – Илче Малиноски (Ас)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО