Петар Арсовски (52 кг) го освои сребрениот медал на Државното првенство на Бугарија.
Популаринот Маке (Македонецот), како што го нарекуваат во Бугарија, достојно се претстави себеси и клубот од Локомотив од Софија на овој шампионат, при што доби три од четири борби.
Во изедначен и машки меч Петар во финалето е поразен од Георги Марков од Омуртак.
Петар не успеа да избоксува на нивото од претходните мечеви, вели Александар Арсовски и додава дека првата рунда ја добил кај сите судии, поведувајќи комотно во мечот.
„Меѓутоа, 2 и 3 рунда ги ис испушти за малку. Судиите дадоа 3× 29-28 во корист на противникот Марков Георги од Омуртак. Финалето се боксира на 100 отсто, немаш простор за грешка“, истакнува Арсовски.