Петар Арсовски го освои Купот на Бугарија за јуниори

Петар-Пепка Арсовски го освои Купот на Бугарија по втор пат во кариерата.

Популарниот Пепка, како што го нарекуваат во Бугарија, во драматични дуели и многу тежок жреб успеа да го освои Купот на Бугарија за 2021 година во конкуренција на јуниори, и со тоа да го збогати своето резиме, бидејќи веќе го има освоено во возрасната група за ученици 2019 година.

„Ништо не беше на наша страна, претренираност, грчеви и многу лош жреб. Решителноста и бескомпромисноста беа главниот адут за Петар да го направи овој успех“, вели неговиот татко Александар Арсовски и додава:

„Имено во категорија до 52 кг конкуренцијата беше пеколна, впрочем, Бугарија секогаш во малите тежински категории на светско ниво пласирала страшни боксери“.

Во првото коло Пепка бил слободен. Во четвртфиналето се судира со стариот должник Џан Басриев од БК Русе и победа 3-0. Во полуфиналето се случува вистинска драма уште пред да почне мечот.

„Противник е Љубо Методиев од ЦСКА, актуелен бронзен медалист од ЕП, носител на златни медали од Будва и Врбас, како и повеќекратен државен првак. Со таков уникатен противник, каде и домашниот терен е на негова страна, само едно останува – да се биде или не….Популарниот Пепка успеа и оваа препрека да ја помине со огромни усилби и неверојатна стратегија од страна на тренерите на Локомотив од Софија, клубот за кој настапува. Петар славеше со 2-1“, вели Алексанадар, истакнувајќи дека веќе сите знаеле дека Пепка нема кој да го сопре до златото.

Меѓутоа, финалето е против Кирил Јорданов од БК Русе, исто така талентиран боксер кој е 7 пати првак на Бугарија.

„Пепка тргна внимателно, ништо не сакавме да не изненади, кондиционо беше поподготвен, а придеонесе да има и подобра аналитика за време на борбата, финале е во прашање. Победи со 3-0.

Екипата на Локомотив од Софија стана екипен првак, а тоа е уште една прилина повеќе за славење на Арсовски.

Видливо беше здоволство кај тренерите од Локомотив за целата пожртвуваност и подготвеност да се издржи еден така подолг подготвителен процес на тренинг.

Купот на Бугарија се одржа во градот Горна Ораховица во период од 5 дена, а учество земаа 140 боксери од 37 клубови.

Да потсетиме дека Петар Арсовски се школува во спортско училиште во Софија кад еи што настапува за БК Локомотив, а во Македонија за БК Чаир. Арсовски е репрезентативец на Македонија и веќе има учества на Европски првенства и од него треба да очекуваме добри резултати, односно да трген по стапките на Мумин, Димовски, Аземи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО