Пет неверојатни нокаути во историјата на УФЦ (ВИДЕО)

Најголемата светска ММА организација подготви уште една фантастична компилација за своите фанови. Овој пат УФЦ избра пет неверојатни нокаути во историјата на промоцијата.

Нокаутот на Едсон Барбоза против Тери Етим во јануари 2012 година е во Топ 5. Во третата рунда по спектакуларниот кружен удар на Едсон, Етим падна како покосен.

Жоакин Бакли на Борбениот остров пред две години го нокаутира Импа Касанганају со нога од вртење.

Свое место во таа компилација најде големиот пресврт на Јаир Родригез во ноември 2018 година против Чан Сунг Јунг.

Корејското зомби беше убедлив и го контролираше мечот до последната секунда кога светна лактот на Родригез со кој го нокаутира Јунг.

Андерсон Силва го нокаутира Форест Грифин во август 2009 година, а на крајот е вклучен Хорхе Масвидал кој во јули 2019 година со неговото летечко колено во петтата секунда го заспа Бен Аскрен.

Погледнете ја одличната компилација од пет неверојатни нокаути во историјата на УФЦ:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON