Дариуш ја откажа борбата против Махачев, УФЦ најде замена

Бобата меѓу Бенеил Дариуш и Ислам Махачев која на 26 февруари требаше да го предводи УФЦ Фајт најт 202 е откажана.

Имено, Дариуш се повреди и се откажа од настапот против Махачев во Лас Вегас.

Победникот во нивната пресметка веројатно ќе добиеше шанса да се бори за шампионскиот појас во лесна категорија, откако Оливеира во мај ќе ја брани титулата против Гејџи.

Но, раководството на УФЦ веднаш најде друг противник за Ислам. Боби Грин влезе како замена.

„Поинаков противник, иста цел. На Бенеил му посакувам брзо закрепнување и среќа. Навистина верувам дека ќе се сретнеме во иднина“, напиша Ислам Махачев во објавата на Инстаграм.

Грин минатиот викенд се натпреваруваше на настанот УФЦ 271, каде со едногласна одлука на судиите го победи Насрат Хакпараст. Тоа беше негова втора победа во низа.

Американскиот борец допрва треба да најде место на ранг-листата на предизвикувачите, додека Махачев моментално е четврти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО