Младите борачи на Вардар на Меморијалниот турнир „Љубомир Коцев-Листон“ што се одржа изминатиов викенд во Велес освоија 5 медали – 3 златни и 2 бронзени.
Според тренерите, Стефан Димчевски беше еден од најквалитетните борачи на целиот турнир, факт што може да ги радува сите во борењето, бидејќи ја забележа и петата победа едно по друго. Од Вардар жалат што не беше земен во репрезентацијата за Балканското првенство, затоа што за тоа се избори на душекот и веруваат дека ќе освоеше медал во Панаѓуриште.
Марија Неделковска се избори многу добро и во конкуренција на жени беше една од најдобрите, како и Кико кој освои прво место.
„Се на се, јас сум презадоволен од борачите заедно со нивниот тренер и целата екипа која помага на БК Вардар. Не застануваме тука одиме уште појако“, напиша претседателот на клубот на својот Фејсбук профил Чедо Николовски.