Глигоров: Суспензијата е незаконска, прекрешени се одредби на Статутот и на Дисциплинскиот правилник

Суспендираниот директор на репрезентацијата во борење на Македонија, Страшо Глигоров, не може да се помири со оваа одлука и вели дека таа е незаконска и дека се прекрешени одредби на Статутот и на Дисциплинскиот правилник.

За наводите на Глигоров побаравме одговор од Федерацијата за боречки спортови на Македонија, кој, за жал, до денесне го добивме.

Рекацијата на Глигоров ви ја пренесуваме во целост.

„Федерација на боречки спортови на Македонија, (во понатамошниот текст ФБСМ) спротивно на важечките позитивните законски прописи, со правење на тешки повреди на Дисциплинскиот правилник на Федерација на боречки спортови на Македонија, донесен на ден 13.10.2010 година, водеше и спроведе дисциплинска постапка против подносителот на оваа пријава Страшо Глигоров, во својство на спортски директор на ФБСМ и претседател на БК Безбедност од Скопје.

Имено, ФБСМ на ден 25.02.2019 година донела Одлука за отварање на дисциплинка постапка против пријавителот и тоа врз основа на Пријава бр. 65/0202 од 22.02.2019 година, поднесена од страна на вкупно 22 боречки клубови, кои се потпишани на истата со печат и потпис од претседателите. Најпрвин видно од поднесената Пријава, истата е поднесена поради наводно „изнесување на невистини“ од страна на пријавителот. Ваквите наводи освен што се паушални и нејасни, истите ниту согласно Дисциплинскиот правилник, не претставуваат никаков дисциплински прекршок, ниту пак причина за водење на дисциплинска постапка. Од друга страна, вака поднесената пријава воопшто не содржи соодветни докази за наводно сторен прекршок од страна на пријавителот, односно никаде не е појаснето за какви невистини станува збор. Токму поради фактот дека не е сторен никаков дисциплински прекршок согласно Дисциплинскиот правилник на ФБСМ, од страна на пријавителот, ниту во поднесена пријава, ниту во спроведената дисциплинска постапка не е јасно наведено кој дисциплински прекршок, опфатен во кој член од Дисциплинскиот правилник на ФБСМ, и со кое дејствие го има наводно сторено пријавителот. Понатаму, Дисциплинската постапка која се водела против пријавителот е во целост незаконска и во спротивност со одредбите пропишани во Дисциплинскиот правилник. Најпрвин од причина што, Дисциплинската комисија на ФБСМ, на ден 22.03.2019 година, одржа јавна расправа, која е водена спротивно на член 36 став 2 од Дисциплинскиот правилник, односно за истата наводно постои Записник кој не е составен во присуство на пријавителот и истиот не е потпишан од пријавителот. Пријавителот, свесен за неправилноста при водењето на постапката, иако за време на истата побарал да се води Записник, со писмен допис на ден 12.04.2019 година, побарал од ФБСМ да му бид доставен Записникот од водење на дисциплинската постапка, затоа што таков не постоел. Појаснуваме дека ваквиот записник е и повеќе од релевантен доказ за неправилноста на водење на постапката, бидејќи истиот е срочен подоцна а не на денот на одржување на расправата и на него не е потпишан пријавителот. ДОКАЗ: Писмен допис/e-mail до ФБСМ, од ден 12.04.2019 година Понатаму, јавната расправа одржана на ден 22.03.2019 година, е водена спротивно на член 33 став 1 од ДП, бидејќи освен сослушувањето на пријавителот, на истата задолжително е да присуствуваат подносителите на пријавата, а истите ниту биле присутни, ниту пак било сторено нивно сослушување, а уште помалку соочување со пријавителот. Веднаш по вака спроведената јавна расправа, на ден 25.03.2019 година, Дисциплинската комисија на ФБСМ донела Одлука бр. 84/0202 со која констатира дека пријавителот „го сторил прекршокот“ и му изрекува дисциплинска казна согласно Дисциплинскиот правилник на ФБСМ „забрана за вршење должност во боречка организација во траење од 24 месеци“. Вака донесената Одлука е спротивна на член 39 став 1 од Дисциплинскиот правилник, бидејќи не ги содржи потребните податоци, односно во образложението на истата не се изнесени наводите од пријавата, ниту пак одговорот на пријавителот изнесен усно на јавна расправа, а што е најстрашно, не содржи правна квалификација во врска со прекршокот. Видно од самата Одлука, во ниту еден дел не се наведува КОЈ прекршок, предвиден во кој член од глава 2 од Дисциплинскиот правилник на ФБСМ и со кои дејствија наводно го има сторено пријавителот, највероватно од причина што никаков прекршок никогаш не бил сторен. Појаснуваме дека ниту едно од дејствијата што му се ставаат на товар на пријавителот, не претставуваат основа за сторен дисциплински прекршок, па поради тоа и изречената дисциплинска казна е сосема неоснована, паушална и изречена спротивно на важечките прописи. На вака донесената Одлука, пријавителот во предвидениот рок од 8 дена, поднел Жалба во која ги изнел своите наводи, со предлог до Управниот одбор на ФБСМ како второстепен орган, да ја поништи Одлуката бр. 84/0202 од 25.03.2018 година донесена од Дисциплинската комисија на ФБСМ. Управниот одбор на ФБСМ, по вака поднесената Жалба, донел Одлука бр. 90/0202 од ден 06.04.2019 година, со која Жалбата на пријавителот ја одбива како неоснована и ја потврди одлуката на дисциплинската комисија за изречената дисциплинска казна Забрана за вршење на должност во боречката организација во траење од 24 месеци. Во образложението од горенаведаната Одлука бр. 90/0202 од ден 06.04.2019 година, УО на ФБСМ воопшто не ги разгледал наводите изнесни во Жалбата на пријавителот, ниту пак се впуштил во оценување на фактите и доказите за да донесе правилна Одлука. Наспроти тоа во образложението на Одлуката се наведуваат невистини како тоа дека, наводно пријавителот самиот предвреме ја напуштил јавната расправа. Оттука се поставува прашањето, зошто во интерес на правилно и непристрасно водење на постапката, УО на седницата на која одлучувал по Жалбата на пријавителот не го повикал повторно, со цел да се запази правилното водење на постапката и правилното оценување на докази со цел правилно утврдување на фактичката состојба,како што тоа е предвидено во член 47 од Дисциплинскиот правилник на ФБСМ. Со ваквото работење ФБСМ прави грубо и насилно прекршување на Дисциплинскиот правилник, Статутот на Федерацијата и сите останати важечки законски прописи, наместо истата да работи согласно законот кон исполнување на целите и задачите на кои што е оформена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО