Најмладите кикбоксери на KБК „Гладијатор“ од Штип освоија пет медали на Европскиот куп „Кроација опен 2015“, 3 србрени и два бронзени во конкуренција на постари кадети и јуниори.
Сребрени медали освоија:
Викторија Варадинова (-60 кг, кик лајт) која во борбата за златен медал изгуби на поени од Амина Шехиќ од Босна и Херцеговина;
Стефан Сандев (-63 кг, кик лајт) во борбата за првото место на поени загуби од Иван Хорват од Хрватска и
Ѓоше Ѓошев (-47 кг, кик лајт) во борбата за злато пдобар од него беше Стјепан Седак од Хрватска, кој славеше на поени.
Брозени медали освоија Викторија Варадинова (-60 кг, лајт контакт) и Столе Јордановски (+94 кг, кик лајт).
Јована Арсова (-55 кг, кик лајт) е поразена од Џанета Љубљанкиќ од БиХ и Божјидар Јанков (-63 кг, кик лајт) исто така не успеа да го помине натпреварувачот од Хрватска, Ерик Буза.
На Купот во Загреб учество земаа 550 спортисти од 8 земји и 77 клубови.
Од Македонската кик боксинг федерцаија велат дека годината ја завршиле со успех, како што и ја започнале.
Ipon.mk/В.Д.