АктуелноКик боксТурнири

Пет медали за Предатор на Меѓународниот кик бокс куп „Кутина опен“

Кик бокс клубот Предатор од Куманово освои пет медали на 26.Меѓународен кик бокс куп „Кутина опен“ во Кутина, Хрватска.

Злато овои Наум Милановски во јуниорска конкуренција до 79кг.

„Наум сите три борби ги победи уште во прва рунда и не остави ни грам сомнеж дека не е доследен на прекарот Голден Игл! Ние сме презадоволни од настапот на Наум кој цела година носи злата за нашиот клуб и нашиот град“, велат од Предатор.

Сребрен медал за Никола Николовски во јуниорска конкуренција до 84кг.

„Никола се бореше слично како Наум каде доминираше во првата борба. Во втора борба изгуби со минимална разлика. Нијанси беа во прашање и победи подобриот“, објаснуваат од клубот.

Бронзите ги освоија Димитар Давитковски, Данило Методиевски и Максим Божиновски.

„Димитар ја водеше борбата првите две рунди,а во трета рунда противникот ја презеде предноста и со тоа освои бронза.

Максим освои бронза во кадетска категорија во почетници до 57, добро се бореше и во регуларна кадетска категорија каде изгуби од поискусен борец од Хрватска.

Данило освои бронза во јуниорска категорија до -71 кг од подобар борец од него, останува да тренираме појако и да ги отстраниме недостатоците увидени на овој куп.

Без медал, но со соберено искуство е Марио Радевски, победи една борба во кадетска почетничка конкуренција до 63кг, но не беше доволна за пласман во полуфинале. Во регуларна категорија се бореше солидно, но сепак и тоа не беше доволно да се пласира во полуфинале“, истакнуваат од Предатор.

Предатор втор пат учествува на Кутина опен на кој настапија над 900 натпреварувачи од цел свет и 92 клубови. Предатор е рангиран на 44 место.

Клубот „Кутина опен“ ќе биде ставен во редовниот календар на натпревари.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON