Македонските натпреварувачи во ву-шу санда и винг чун на Меѓународниот турнир „Мезотур“ во Унгарија овој викенд освоија 5 медали – 3 златни и 2 сребрени, од кои три се на Марко Андонов.
Натпреварот го организираше Унгарската винг чун федерација со гости од Македонија, Србија, Романија и Чешка…
Натпревари се одржаа во три дисциплини: винг чун форми, винг чун чи сао борби и вушу санда борби.
Марко Андонов освои две први места во вушу санда до 45 кг и во винг чун чи сао – 45 кг и второ место во винг чун чим киу форма. Алексеј Карпузовски – прво место во винг чун шил лим тао форма и второ во винг чун чи сао борба, како и четврто во вушу санда – 35 кг.
Ipon.mk/В.Д.