Освојувачот на бронзата од ЕП Димитар Ѓоргиев: Сакав повеќе, но ќе ги опрвадам очекувањата!

dimitar-so-slovak-na-ep-2016

Димитар Ѓоргиев на Европското првенство во кик бокс во Лутраки, Грција, го освои бронзениот медал во категоријата до -74 кг во кик лајт. Тој во полуфиналето беше поразен од Словакот Карлик Марек со 1-2, но со дисквалификација.

dimitar-mu-ja-saniraat-povredata

„Ѓоргиев во борбата влезе со повреда на аркадата, што навистина му претставуваше проблем во текот на борбата. Чувајќи ја повредата подсвесно одеше со наведната глава, по што од судиите доби две јавни опомени. На почетокот на втората рунда Ѓорѓиев ги доби и преостанатите со кои беше дисквалификуван од страна на судиите“, истаканаа од таборот на нашиот репрезентативец.

dimitar-gorgiev-ep-grcija-borba-2016

Дали со овој резултат е задоволен триктраниот светски првак? Што се случуваше во полуфиналето? Според многумина, опомените како да биле тенденциозни.

„Задоволен сум, бидејќи е турнир кој се одржува еднаш на две години. И самото учество е резултат. Нормално, сакав повеќе, но се надевам дека во иднина ќе ги оправдам очекувањата. Во полуфиналето влегов со повреда на аркадата која ја добив со неправилен и недозволен удар. Благодарение на тренерите што ме водеа успеавме навреме да ја санираме и многу професионално да ја приспособиме за да можам да се борам. Но, за жал, мојот противник од Словачка знаеше за мојата повреда и проба на некоректен и неспортски начин да ми ја разрани повредата. И, нормално, успеа, со тоа што јас изгубив концетрација и почнав да добивам негативни поени, за на крај сето тоа да заврши со дисквалификација“, вели светскиот првак и носител на актуелниот бронзен медал  од ЕП, Димитар Ѓоргиев.

makedonskata-kik-boks-reprezentacija-na-ep-2016

Признава дека и тојнаправил грешки, но, сепак, вели дека дисквафилификацијата е премногу тенденциозна.

 Дали можеби требаше да се примени некоја друга татктика која немаше да зависи од судиите?

„Имавме добра тактика и имавме убедливо водство. Искрено, не би изменил ништо кога би се вратил. Тоа беше најдоброто што се можеше да се направи во дадената ситуација. Сепак, што е тоа е,  останува да се вежба дупло повеќе и да се исправи пропустот“, категоричен е Ѓоргиев.

Димитар открива една нова страст и нов прдизвик во боречките спортови.

„Сакам да испробам во боксот! Мислам дека ќе соберам добро искуство и ќе напреднам. Следен поголем кик кбос турнир ќе биде „Карловац 2017“, па како и лани одиме на злато“, истакна Димитар Ѓоргиев.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО