АктуелноДруги вештиниСамбо

Пет медали за македонските самбисти на „Иван Докторов“ во Софија

Македонските самбисти освоија 5 медали – 2 сребрени и 3 бронзени на 3.Mеѓународен турнир во самбо за кадети „Иван Докторов“ во Софија, Бугарија.

Медалите ги освоија:

Бојана Ковачева – сребрен, 54 кг
Андреја Мишев – сребрен, 46 кг
Дин Ризвановиќ – бронзен, 79 кг
Адо Дрндар – бронзен, 64 кг
Никола Гицев – бронзен, 58 кг

„Бојана имаше многу јаки 5 борби, а последната борба беше со Руманка и таа беше многу подора. Судиите и дадоа преднос во финале за еден поен на Романката, а Андреја во финале изгуби од Украинец кој имаше 4 победи. Дин Ризвановиќ имаше две победи, а Дрндар и Гицев се бореа во репасаж и освоија трети места. Многу јаки борби имаа и силна конкуренција, На натпреварот имаше 180 учесника. По напреварот имавме и тренинг камп во Софија и Марко Косев пет пати светски првак во самбо вети ќе дојде во Македонија одржи тридневен семинар“, вели претседателот на Самбо федерацијата на Македонија Ердал Факиќ.

На турнирот од А категорија учествуваат 12 силни репрезентации: Украина, Романија, Молдавија, Грција, Грузија, Германија, Франција, Кипар, Бугарија, Русија, Ерменија и Македонија.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON