На турнирот АЈП Србија во бразилско џиу џицу што се одржа вчера Тиквеш од Кавадарци освои 5 медали – 4 златни и 1 сребрен.
Изабела Зајков освои два златни медали во категорија -57 килограми борба со кимоно и -63 кг борба без кимоно.
Дарко Димитриев освои две злата во категорија сениори -69 кг борба со кимоно без кимоно.
Олгица Орешкова освои сребрен медал во категорија сениорки -62 килограми.
Виктор Ифтимов и Петар Лазаров не успеаа да допрат до подиумот, но покажаа одлични борби со искусни противници.
Фото: Фејсбук Тиквеш