Пет финалиња за македонските каратисти на Балканското првенство во Хрватска

48

Македонија досега обезбеди најмалку девет медали со шанса за десет на вториот ден од Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Дубровник, Хрватска. Петмина каратисти ќе се борат за златниот медал: Петар Спасеновски, Доан Османи, Смилковски Столе, Абдурахим Идризи и Омер Мусљији, додека Вегим Мурати ќе се бори за бронзениот медал.

Медалите ги освоија:

Петар Спасеновски -84 кг, У-21, сребро/злато

Доан Османи -75 кг, У-21, сребро/злато

Смилковски Столе -60 кг, У-21, сребро/злато

Фаик Весели -60 кг, У-21, бронза

Абдурахим Идризи -55 кг, јуниори, сребро/злато

Глигор Петков +76 кг, јуниори, бронза

Бојан Костов – 52 кг кадети, бронза

Омер Мусљији – 63 кг кадети, сребро/злато.

Стефан Апостолв -67 кг, У-21, бронза

Нашите преставници ги загубија борбите за бронзените медали: Илир Бајрами (-61 кг, јуниори) од Домен Зидар (Словенија) 1-2, Марио Свинарски (-68 кг, јуниори) од Хрватот Роко Михалинец 2-3, Мевлуд Мемеди (-76 кг, јуниори) од Лазар Вујовиќ (Србија) 0-2, Ристе Цветков (-60 кг, У-21) од Елдин Хајдрпашиќ (БиХ) 0-3, Константин Василевски од Стефан Апостоловски 1-2, Вегим Мурати – Владимир Брезанкиќ (Србија) ,

Милевски Никола (-70 кг,  кадети) во борбата за борнзениот медал е порзаен од Алпер Чобан (Турција) 0-7.

Да потсетиме дека вчера нашата репрезентација освои 7 медали – 1 златен, 1 сребрен и 5 бронзени, при што Вероника Костовска освои златен медал во У-21 до 61 кг.

Вчера медалите освоија: У-21 борби -61 кг Вероника Костовска – златен, У-21 кати – Матеа Талеска – бронза, У-21 борби -50 кг Верона Ајдини – бронза, У-21 борби -55 кг Сара Крстевска – бронза, јунири кумите -53 кг Марија Милева – бронза, јуниори ката Марко Бунтески – сребрен и Александар Неделковски – бронзен.

Резултати
кадети
-52 кг 
Бојан Костов – Милјан Урошевиќ (Србија) 4-1
Бојан Костов – Александру Цернеа (Романија) 6-0
Бојан Костов – Хамза Ахметовиќ (Босна и Херцеговина) 1-1
Бојан Костов – Абдулсамет Коше (Турција) 0-0
Репасаж за бронза
Бојан Костов – Божидар Јенкиќ (Црна Гора) 3-0

-63 кг
Омер Мусљији – Тимон Адамиќ (Словенија) 1-0
Омер Мусљији – Кенан Мемишевиќ (БиХ) 4-0
Омер Мусљији – Марио Петре (Романија) 3-1
Омер Мусљији –Омер Сахити (Косово) 2-0
Финале
Омер Мусљији – Бугра Генџан (Турција)

Јуниори
-55 кг
Абдурахим Идризи – Никола Лазовиќ (Србија) 4-3
Абдурахим Идризи – Јаков Фембер (Хрватска) 3-0
Абдурахим Идризи – Марко Михајловиќ (Србија) 3-0
Финале
Абдурахим Идризи –  

+76 кг
Глигор Петков – Михаел Муста (Србија) 8-8
Глигор Петков – Адријан Карачиќ (Хрватска) 3-0
Глигор Петков – Муниб Дедовиќ (БиХ) 5-1
Глигор Петков –Саша Недиќ (БиХ) 1-1
Репасаж за бронза
Глигор Петков – Алекс Колбаса (Словенија) 10-2

У-21
-60 кг
Смилковски Столе – Елдин Хајдарпашиќ (БиХ) 3-0 
Смилковски Столе – Милош Радојевиќ (Србија) 3-3
Смилковски Столе – Ристе Цветков (Македонија) 2-0
Финале
Смилковски Столе – Ненад Дуловиќ (Црна Гора)

-60 кг
Фаик Весели – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 1-5
Репасаж
Фаик Весели – Фарук Атеш (Турција) 4-4
За бронза
Фаик Весели – Кристијан Лацковиќ (Хрватска) 6-2

-67 кг
Стефан Апостоловски – Никола Симеуновиќ (Србија) 0-0
Стефан Апостоловски – Антонио Гргиќ (Хрватска) 3-2
Стефан Апостоловски – Лука Кондиќ (Хрватска) 1-5
Репасаж за бронза
Стефан Апостоловски – Константин Василевски (Макдонија) 2-1

-75 кг
Доан Османи – Енес Булут (Турција) 3-0
Доан Османи – Андрија Мариќ (Србија) 3-0
Доан Османи – Марин Бркиќ (БиХ) 6-3
Финале
Доан Османи – Владимир Лапчевиќ (Србија)

-84 кг
Петар Спасеновски – Самед Гок (Турција) 1-0
Петар Спасеновски – Ренато Ресетар (Хрватска) 5-0
Петар Спасеновски – Нтерос Анастасиос (Србија) 1-0
Петар Спасеновски – Бојан Јовановиќ (Србија) 5-0
Финале
Петар Спасеновски – Хамза Цајиќ (БиХ)

Ipon.mk