Пешко: Некој намерно не игнорира, и покрај тоа ќе освоиме медал!

Pesko i Zubairtov so efendiev

Борачите Халил Зубаиров и Тимур Хамикоев за Европските игри во Баку не се подготвуваа со останатите репрезентативци Бобан Данов, Дејан Митров и Јасин Реџелари во Бугарија, па затоа селекторот Лулзим Вренези немаше увид во нивната форма. Од тие причини најповикан да зборува за нивната подготвеност пред настапот на Игрите е нивниот тренер Љубиша Пешко, бидејќи со тренерот на БК Вардар, Гајдар Гајдаров, ги договараат сите тактики.

– Како професионален тренер и стручњак во борењето, не можам да поднесам импровизации и непрофесионално однесување кон спортистите учесници на Европските игри и потенцијални освојувачи на олимписки норми за Рио 2016. Нашиот зацртан план и програма на подготовките за Хамикоев (85 кг, грчко-римски стил) и Зубаиров до 86 кг во слободен стил (освојувач на бронзениот медал од Европското првенство У-23 и најдобар борач на Македонскиот бисер), го сметам за непотполн и неисполнет, – истакнува Пешко.

Ljubisa pesko so boracite predobelejeto vo Baku

Тој нагласува дека со тренерот Гајдаров во континуитет, со систематска и детализирана работа се во изнаоѓање на решение за подобар настап на спортистите и постигнување на врвни резултати.

– Некако остануваме (намерно) игнорирани во нашите потреби, – смета Пешко, кој не збаорава да потсети дека со таква правилна и стручна работа придонеле за успехот на ЕП во У-23 во Полска.

– Но, никој нема слух за планските подготовки и натрупаните финансиски долгови, – потенцира вардаровиот стратег.

Сите репрезентативци (борачи) во Баку, според Пешко, изгледаат свежо, и дека сериозно си ја сфатиле задачата и дека имаат огромна желба за постигнување на успех и добар пласман. Сепак, смета тој, за нивната подготвеност и очекувањата од Митров, Данов и Реџелари, најповикани се да зборуваат селекторот Лулзим Вренези и тренерот Николај Корнеев.

Stadionot vo Baku

-А за Хамикоев и Зубаиров да нагласам дека покрај никаквите необезбедени подготовки, без остварување на планираниот план и програма, успеавме да ги одржиме на високо тренажно ниво и подготвеност. Како и во Полска, така и во Азербејџан, ќе се потрудиме да ги израдуваме љубителите и симпатизерите на борењето со освојување на медал на првите Европски игри,- категоречен е Пешко.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО