Нашиот прославен кошаркар Перо Антиќ, кој со Фенербахче на фајнал форот ќе се бори за европската титула, која треба да биде трета во неговата кариера, дефинитивно е голем поклоник на кикбоксот.
На вчерашниот тренинг на Кик бокс клубот Горила од Скопје на Дејан Станковски, Душан Чимев, Дамјан Здравкоски и Филип Сливјан и беа поделени парични награди од нашиот кошаракарски ас Перо Антиќ за освоените три злата и едно сребро на Меѓународниот турнир „Трофеј на Заечар“.
Да потсетиме дека на „Трофеј на Заечар“ во Србија, кикбоксерите на КБК Горила освоија три златни и еден сребрен медал, а Душан Чимев го доби признанието за најдобар странски натпреварувач.
Тогаш во главните борби нашите натпреварувачи извојуваа победи Дејан Здравковски (-71) го победи Филип Стефановиќ од КБК „028“, Деајн Станковски-Младен Китиќ-Китиќ -75 кг, Душан Чимев-Петар Бошковиќ-Ниш -81 кг, а Филип Силјановски на средбата со Новак Радуловиќ-Ниш -75 кг беше поразен. Сите борби беа во сениорска конкуренција.
„Благодариме е малку, за да можеме да ја искажеме нашата благодарност! Се надеваме дека овај пример ќе го следат сите кои го сакаат спортот и ќе ги мотивираат младите да тренираат, да го кренат степенот на мотивираност и љубов за спортот и поголеми успеси. Од името на борци и на целиот клуб Горилла, ти благодариме за овај прекрасен гест, кој доликува на спортска легенда и великан како тебе“, вели тренерот Иле Ристески.
Наградите се многу пристојни и мотивирачки.
Ipon.mk/В. Д.