Перформанс: „Металот и оганот“ во кунг фу изведба (ВИДЕО)

123

 

mirko-vezba-so-sabji-i-nekoj

Пред некое време го најавивме перформансот Metal & fire во изведба на трупата Sifu Mirko & Wing chuners кој служи за преставување на трупата и нејзин перформанс за унапредување, развој и претставување нa винг чун кунг фу вештината преку музиката на амбиентално место со посебни ефекти. Сега може да го погледнете целиот перформанс.

mirko-so-sabji

Ова е спој на вештина, музика, танц и уметност.

Идејниот творец на перформансот, мајстор за винг чун и рок музичар, Мирослав Тодоровски, вели дека тоа воедно претставува и интересен начин за доближување на винг чун кунг футо до сценската уметност.

Настанот е одржан во Културниот центар „Кино култура“ во рамките на 5-от „Body mind & spirit“ фестивал. Плановите се перформансот да се развива и да се преставува на различни манифестации, спортски и уметнички.

mirko-pre-dogan-vezba

„Воедно, се претставува и целокупноста на винг чунг, како кунг фу стил, дека во себе не содржи само самоодбрамбени елементи од еден или повеќе напаѓачи, воружени или невооружени, туку и дека содржи традиционални оружја (реквизити), змејов стап и пеперутка сабји“, вели Тодоровски и додава дека покрај традиционалниот начин на вежбање се покажува примената и во спортски услови, затоа што кај нас веќе е почната спортската верзија на винг чун. Исто така се прикажува и енергетско медитативната страна на винг чун начин.

„Сите овие елементи укажуваат на урамнотеженоста и комплетноста винг чун кунг фу системот. Со овој перформанс, и јас како автор, ја најдов конечната поврзаност и рамнотежа помеѓу вежбањето и настапувањето во рок групата „Културно уметнички работници“, нагласува Тодоровски.

Ipon.mk/В.Д.