Переира за раскинувањето со партнерката: И верував на таа жена и ја примив во куќата, а потоа дознав дека е мажена

Некои од потврдокорните ММА обожаватели на почетокот на годината забележаа дека Мерл Кристин, долгогодишната партнерка на Алекс Переира, повеќе не се појавува на неговите социјални мрежи. Актуелниот шампион на УФЦ во полусредна категорија ги избриша сите фотографии и видеа со Кристина, а потоа не ја следеше на социјалните мрежи, по што на големо се проширија тврдењата дека парот раскинал. На крајот самиот „Поатан“ проговори за целата приказна и даде неверојатна причина за раскинот.

„Малку ми е тешко да зборувам за тоа бидејќи веќе ја избришав таа личност од мојот живот. Исто така, би сакал да ги замолам моите обожаватели да ја избришат и од нивните животи. Таа беше личност на која и верував, на која и посакав добредојде во мојата куќа, со нејзиното семејство и после се што дознав – дека е мажена. Пред неколку дена разговарав со нејзиниот сопруг и се уверив во се“, изјави 36-годишниот Бразилец целосно отворено во интервју за Фул сенд ММА подкастот.

Многу фанови беа шокирани од признанието на Переира, а добар дел од нив во коментари за поддршка покажаа сочувство за љубовниот крах што го доживеа бразилскиот борец. За целата ситуација се огласи и самата Кристин со две објави на социјалните мрежи“.

„Изгледа дека сите овие коментари и гласини не престануваат, па мислам дека е важно да се даде малку изјава. Понекогаш во животот, врската не успева, а луѓето одлучуваат да одат по својот пат. Мислам дека тоа е нешто што секој мора да го почитува, не значи дека има лоша крв меѓу двајца… Му посакувам на Алекс се најдобро и многу успех во кариерата“, напиша таа во првата, додека во втората негираше дека била во врска со шампионот на УФЦ додека била во брак: „Повредени луѓе навистина секакви работи измислуваат. Во минатото бев во брак, но се разведов пред да започнам врска со Алекс. Глупав си ако мислиш дека би можела да се преселам во САД додека имам сопруг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО