Бразилската ММА ѕвезда на УФЦ, Мишел Переира сака да се бори со Нејт Дијаз или Хорхе Масвидал.
Минатиот викенд во Лас Вегас Переира го совлада Сантијаго Понзинибио. „Демолидор“ влезе во серија од 5 последователни победи. Тој победи на 6 од неговите 8 УФЦборби и продолжува да ужива во атрактивните изведби. Мишел сега ќе влезе во топ 15 во полусредна категорија.
Переира сака борба со Дијаз за да си удрат шлаканици, а со Масвидал да реши личен проблем.
„Навистина сакам да се борам со Нејт Дијаз. Би било кул ако двајцата си удриме шлаканици и се обидуваме да се убиеме. Мислам дека ќе биде многу спектакуларен меч. Ќе направиме вистинско шоу за навивачите.
Ме интересира и Хорхе Масвидал бидејќи имаме проблем. Сакам да го решам.
Тој испрати емотикони на мојата сопруга. Емоџи со скрстени раце. Масвидал не ми испрати нешто слично и никогаш не сум го сретнал. Немав можност да му поставам прашања.
Сакам да знам сè и не ми пречи да го правам тоа во октагонот. Таму можеме да ги решиме сите наши проблеми“, изјави Переира за MMA News.
View this post on Instagram
View this post on Instagram