Алекс Переира во повеќе наврати ја покажа својата хумана страна, големо срце и општествена свест и презема активности за да им помогне на заедницата и на оние на кои им е потребна.
Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија продолжи да работи во истата насока и ја искористи посетата на родниот Сао Паоло за да започне нов хуманитарен проект, купи стара зграда во неговата поранешна населба Батистини која ќе ја реновира и ќе ја претвори во центар за деца и млади, со бројни образовни и спортски објекти, како што е модерно опремена училница за англиски јазик и паметна сала за уметност.
„Правам се што можам. Сам сум, немам ничија помош, без влада и политика. Сакам да го правам ова и се чувствувам добро што го правам ова“, вели Переира, меѓу другото, во видеото објавено вчера на неговиот канал на Јутјуб, на кое се гледа бразилскиот нокаут борец во нов хуманитарен потфат.
Освен што ги запозна гледачите со работата што се врши во споменатиот едукативно-спортски центар за млади, „Поатан“ во истото видео зборуваше и за донации на храна за социјално најзагрозените, а ги посети и локалните продавници и им плати на сонародниците за храната и другите потреби што ги купиле, што навистина трогна многу од нив.
„Емотивна сум…на светот му требаат вакви луѓе“, рекла една од жените која ја прифатила дарежливоста на Переира, а во продолжение погледнете го целосното видео.