Изминативе денови многу се зборуваше дека Хамзат Чимаев ќе си замине од полусредна категорија.
Жилберт Барнс беше првиот што го откри тоа оваа година. „Борз“ планираше да се искачи во средна категорија. Има смисла, бидејќи во својата последна борба не успеа да ја постигне тежината за категоријата. Се очекуваше во март Хамзат да се бори со Колби Ковингтон во полусредна категорија, но немаше развој на оваа тема.
Чимаев постојано го предизвикуваше Алекс Переира во борба за титулата. Бразилецот исто така беше заинтересиран да се бори на настанот во Рио де Жанеиро, но тврдеше дека Хамзат го одбил. Чеченската ѕвезда го негираше ова и продолжи да го предизвикува Переира.
„Поатан“ смета дека Хамзат се плаши од губење и поради тоа ја напушта категоријата во која стана предизвикувач за титулата.
„Доколку беше подготвен, би се согласил да се сретнам со него. Зборуваше за борба во средна или полусредна категорија, но тој веќе е следниот предизвикувач за титулата во полусредна категорија, па може да се бори таму, зошто да не?
Мислам дека ако Чимаев загуби во полусредна категорија, тоа ќе стави крај на возбудата околу неговото име. Ако губи во полутешка, тогаш како може да бара средна или полутешка?
Тој бега од таму бидејќи сега е кандидат за титулата“, изјави Переира.
Хамзат веќе има борби во средна категорија, но не победи ниту еден од најдобрите борци. Останува да видиме дали навистина ќе ја смени категоријата.
View this post on Instagram