Пепи Велков остана без одличје на СП во кик бокс, денес имаме уште тројца претенденти за медал

Во четвртфиналето на Светското сениорско првенство во кик бокс во Абу Даби, ОАЕ, Пепи Велков загуби од Алихан Оздојев од Казахстан.
Во втората половина од денот ќе се борат: Лука Кипровски, Силвио Мировски, Бобан Илиовски и Климент Грозданоски.
„Условите поточно климатизацијата во салата каде се одржува првенството се неадекватни и е многу ладно. Се бориме со настинки, а надвор е многу топло, 30 степени. Така, имаме две борби – едната во ринговите, другата со настинките“, вели селекторот Дејан Митровски.
Резултати – Светско првенство:
Лајт контакт
-89 кг
Климент Грозданоски – Павло Замјатин (Украина) 1/8 финале
Кик лајт
-89 кг
Климент Грозданоски – Џошуа Франц Мацнер (ЈАР) 1/8 финале
Лоу кик
-67 кг
Петре Велков – Ајуб Лакрами (ОАЕ) 3-0 1/8 финале
Петре Велков – Алихан Оздојев (Казахстан) 0-3
-71 кг
Силвио Мировски – Мухамед Карими (ОАЕ) 3-0 1/8 финале
Силвио Мировски – Лазар Ступар (Србија)
-81 кг
Лука Кипровски – Грегоире Агбоку (Бенин) 3-01/8 финале
Лука Кипровски – Бајрам Ерен Челеп (Турција)
-86 кг
Бобан Илиоски – Раул Сунара (Хрватска) ¼ финале



