За жал, поради вонредната состојба во Македонија, Големиот балкански карате семинар (ГБКС) нема да се одржи, како што беше планирано, денеска и утре (24 и 25 април), вели сенсеи Зоран Пејов од Карате центар „Пејов“, клубот кој се јавува како организатор на овој семинар што требаше да се одржи по трети пат во Скопје.
Пејов истакнува дека ГБКС ќе биде поместен во зависност од развојота на на настаните со коронавирусот.
„Штом ќе се створат услови семинарот повторно ќе биде одржан на високо ниво, како и во изминативе две години. Годинава, покрај каратеки од Македонија и Балканот, исто така имаше најави за учество и од други подалечни држави во светот. Што е за пофалба, или, по онаа народната, „добриот глас надалеку се слуша“. Останува да се надеваме на што побрзо завршување со оваа „маска” ситуација и повторно сите заедно со уште појако и поенергично „Ки“ да се видиме на Големиот Балкански Карате Семинар во Скопје-Македонија“, нагласи Пејов, при што потенцира:
„Голем поздрав до сите каратеки во светот со пораката: „Остани доследен на својот пат -Карате До“.
Да потсетиме дека ГБКС семинар се одржува во четири држави Македонија, Бугарија, Србија и Црна Гора, предводен од инструкторите Зоран Пејов, Тони Петров, Милан Ѓокиќ и Ранко Вукотиќ
Ipon.mk/ В.Д.