Абделазиз до Сент Пјер: Ако го сакаш Хабиб, јави ми се

Али Абделазиз, кој е менаџер на Хабиб Нурмагомедов, е подготвен да организира борба на својот борец со легендарниот Жорж Сент Пјер.

Во последните неколку години се зборуваше за борба меѓу нив, па дури и Хабиб неколкупати го предизвикуваше. Беше блиску да се организира нивна средба на почетокот од минатата година, но УФЦ не покажа интерес за тоа, и сè пропадна. Сент Пјер изјави дека Дана Вајт ја откажал средбата, за да не си ги расипе инвестициите во Хабиб.

„Раш“ се налути и официјално на прес-конференција минатата година во Канада се повлече од ММА. Сепак, тој не престана да сугерира дека е подготвен да се повлече од пензијата за да бори против Нурмагомедов. Абделазиз, кој често се фали дека е на пријателска линија со Жорж, рече дека Сент Пјер треба да направи некои работи за да има борба.

Ова се условите што Сент Пјер мора да ги исполни за да се среди меч со непоразениот шампион:

„Ако жорж Сент Пјер сака да се случи борба меѓу него и Хабиб, тогаш тој треба да направи три работи. Мора да го земе телефонот и да ми се јави или директно да контактира со Дана Вајт. Мислам дека на Дана му се допаѓа многу оваа работа. Вајт е човек кој не сака многу луѓе. Жорж треба да симне килажа и да влезе во лесна категорија. Тој треба да разговара со нас“.

https://www.instagram.com/p/B_VAC0NJl1s/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО