Мајк Тајсон тренира за враќање во боксерскиот ринг

Мајк Тајсон се посвети на тренинзите што треба да го доведат во доволно добра форма за да се врати во рингот. Но, не оној професионалниот. „Железниот Мајк“ всушност има една одлична идеја. Тој сака да настапува на егзебициски мечеви за да собере пари за хуманитарни цели.

Поминаа 15 години откако 54-годишниот Мајк Тајсон го осдарботи својот последен меч во боксот. Некои би рекле дека се задржал една година предолго, бидејќи во последните два настапи доживеа порази од боксери со кои само некоја година порано би се поиграл. Оттогаш се повлече од боксот, а во последните години почна да се појавува почесто на настани и да коментира за настани во рингот. Го запопстави и тренингот, се до сега. Имено, откри дека има намера да се врати во форма што ќе му обезбеди враќање во рингот.

„Во последните две недели работев на фокусери и не е лесно. Моето тело не е во најдобра состојба и прилично се трошам од тоа. Но, тренирам. Сакам да настапам на некои боксерски езебиции“, изјави Тајсон за раперот Т.И. за време на интервју во живо на Инстаграм, додавајќи:

„Сакам да одработам хуманитарни егзебиции со кои би обезбедил пари за бездомниците или за некои луѓе со проблеми со дрога. Всушност, сакам да им помогнам на луѓето како мене“.

Сепак, Мајк не е еден од оние кои веруваат дека дури и по стари денови може да направи нешто во професионални води, па дури и откако неговиот поранешен тренер рече дека смета оти би можел да го победи Деонтеј Вајлдер со шест недели реален тренинг. Мајк е реален во однос на неговите можности. Секако, во такви околности навистина би било сјајно да го видиме повторно во рингот. Тој ќе се погрижи тоа да стане изводливо.

„Два часа дневно правам кардио вежби. На велосипед и на лента по еден час, а потоа работам со тегови, околу 250-300 со полесни тежинии. Работам бокс, 25 до 30 минути на ден. Се обидувам да дојдам во добра форма”, објасни тој. .

Тајсон преку својот ранч за мдицинска марихуана конечно се извлече од финансиските проблеми и повторно живее добар живот. Скандалите се зад него, како и неспортскиот живот зардаи кој изостанаа уште подобри резултати од оние што ги постигна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО