Пејџ ван Зант покажа зафати кои ги подготвува за кечерското деби

Поранешната борачка на УФЦ, Пејџ ван Зант, засилено се подготвува за нејзиното деби во кечерските води, кое се очекува подоцна оваа година.

Ван Зант потпиша со АЕВ/ AEW на почетокот на оваа година, а покрај овој договор имаше и договор со Bare Knuckle FC. Таа учествуваше на АЕВ со повремени настапи за промоција, но сега сериозно запловува во светот на професионалното борење.

На социјалните мрежи Пејџ покажа дел од тренинзите кои ги одработила пред нејзиното очекувано деби во рингот. Откако се раздели од УФЦ по поразот од Аманда Рибас во јули 2020 година, таа потпиша со БКФЦ и претрпе порази од Брит Харт и Рејчел Остович.

Ван Зант планира да се врати во БКФЦ подоцна оваа година. И покрај нејзиниот зафатен распоред, ВанЗант навести дека сака да потпише продолжување на договорот со БКФЦ во иднина. Таа се уште ја бара првата победа во бокс со голи раце.

Сè уште не е објавен датумот за дебито на Пејџ во АЕВ. Не е понзато со кого ќе се соочи Ван Зант во првиот професионален настап во кечерството, но изгледа е подготвена за предизвиците кои доаѓаат со овој нов потфат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paige VanZant (@paigevanzant)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON