Борбата меѓу Леон Едвардс и Колби Ковингтон ќе биде главнa на настанот УФЦ 296 на 16 декември во Лас Вегас.
На мечот против Хаос, Англичанецот ќе го брани шампионскиот појас во полусредна категорија што го освои пред една година, а потоа го одбрани во дуелот со Камару Усман.
На истиот настан, по повредата, во октагонот се враќа и сонародникот на Леон, Педи Пимблет, на дуел против Тони Фергусон.
Бади сака да влезе во друштво на Топ 15 борци во лесна категорија, но тврди дека тоа нема да го постигне со победа против Ел Кукуј.
Пред неговиот неодамнешен настап, тој посочи двајца потенцијални противници кои би можеле да бидат следни во низата по Фергусон.
„Не знам како би можел да влезам во најдобрите 15 борци во дивизијата со победа против Тони. Мислам дека мојот следен противник би можел да биде Боби Грин или Грант Досон. Со победа против еден од двајцата, тој би можел да стигнам до рангирањето“, изјави Педи Пимблет и додаде:
„Откако ќе го победам Тони, ќе ми треба добар противник. Особено ако големиот човек Мек Грегор дојде и се бори на настанот УФЦ 300. Би било убаво да има уште една таква борба за да заработиме место на ранг-листата“.