Павлов, Стефановска и Заборска најдобро котираат на ВКФ ранг листата

На најновата ранг листа на Светската карате федерација (ВКФ) најдобро пласирани македонски каратисти во сениорска конкуренција се Емил Павлов од КК Штип на 13 позиција во категоријата до 60 килограми со 1637 поени кај мажите и Наташа Сетфановска – КК Макпетрол е на 18 место кај жените во категоријата до 61 кг со 1177 поени.

Потоа следуваат Симона Зборска (Макептрол) на 21 место со 771 поен во категоријата до 55 кг, Иво Цветковски (-75 кг, Металург) е 24-ти со 1013 бода, а Енес Смаилагиќ (Цветан Димов) е 37 во оваа категорија со 700 бодови

Следуваат:  Ненад Келебиќ (67 кг , Цветан Димов) 32-ри со 861 поен, кати Пуликсенија Јованоска (Ронин) 35-та – 738, , Сара Радичевска (-50 кг, Макпетрол) 36-та- 518, Жарко Арсовски (+84 кг, Штип) 40-ти – 595, Мартин Несторосвки (+84 кг, Металург) 43-ти – 515…

Додека во другите спортови се вреднуваат резултатите и под 200-тото место, во каретото во моментов треба да бидат задоволни, но ќе потстеиме дека имавме каратисти и прворангирани каратисти и меѓу првите три, како Наташа Илиевска, беше прворангирана цела година и две години второ и трето место, во врвот беа и Емил Павлов, Мартин Несторовски, Симон Антиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски и имаа добри пласмани и лидерски позиции  на ранг листата на Карате 1 Премиер лигата  итн.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО